Игор Џамбазов со емотивна роденденска честитка: Таа ми е сè што имам и немам

Точка

31/07/2020

21:16

11.526

Големина на фонт

а а а

Веќе неколку месеци наназад сведоци сме на љубовната врска на Игор Џамбазов и Илина Арсова, преку фотографиите кои ги споделуваат на социјалните мрежи.

Овој пат Џамбазов го привлече вниманието на медиумите поради честитката која ѝ ја посвети на Арсова, по повод нејзиниот роденден.

„Таа е сЕ што имам. Таа е сЕ што немам. Таа денес полни 38 лета. Среќен роденден, среќо моја!“, напиша Игор во описот на фотографија од Илина.

На нивните профили може да се видат многу љубовни фотографии, а во една прилика Илина изјави дека не знаела дека ќе се стекне со толкава слава само поради тоа што е во врска со јавна личност.

„Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови, доведувајќи се себеси во високоризични ситуации со кои многукратно сум си го загрозила животот и здравјето.Толку не ме пишувало по весници дури и кога станав прва дама од нашата земја што стапна на врвот на светот пред 7 години. Се надевам разбирате дека се шегувам, планините се моја страст и пасија кои некако имаа приоритет во мојот живот“, изјави Илина за „Женски Магазин“ во една прилика.




Спонзорирани линкови

Маркетинг