Ако сакате да го привлечете целото внимание, само облечете го ова!

Кармин

14/07/2020

14:25

3.663

Големина на фонт

а а а

Пред да стане член на кралското семејство, кралицата Летиција била успешна новинарка.

За овој период од животот ја врзуваат убави спомени, па секогаш со задоволство се одѕива на повиците за настани во организација на медиумите на кои може да се дружи со поранешните колеги и да им оддаде признание за нивната работа. 


Летиција на гала вечерта и доделување на наградите во организација на шпанскиот весник “ABC” дошла во друштво на сопругот Фелипе, а штом се појавила, секако, веднаш станала центар на внимание поради впечатливата модна комбинација.

За оваа прилика, шпанската кралица носела едноставен фустан со софистициран и елегантен крој.


Поради огнено црвената боја која е невозможно да не се забележи, на Летиција не ѝ биле потребни многу детали за да ја направи беспрекорна модната комбинација – доволни биле само интересните црни чевли со висока потпетица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk