Без разлика дали шета по плажа или на црвениот тепих, пејачката во секоја прилика е совршено стилизирана.
Таа е како вино, со годините изгледа сè подобро – познатата Џенифер Лопез за неколку дена ќе дувне 51 свеќичка на роденденската торта, а судејќи според нејзиниот изглед, тоа звучи нереално.
Освен со совршениот изглед, таа може да се пофали и со совршеното чувство за мода и стајлинзи кои речиси секогаш се за чиста 10-ка!
Ние денеска ви издвојуваме 20 највпечатливи изданија на Џеј Ло, а фотографиите се вистински доказ зошто ја нарекуваат “кралица на стилот”.