Приведени возачи на мотори кои синоќа се тркале низ скопските улици

Макфакс

11/07/2020

13:27

256

Големина на фонт

а а а

Полицијата синоќа спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат “диви трки“ на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се осум возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив тројца моторциклисти биле приведени во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Кисела Вода поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите, информираат од полицијата.

Исто така и четири моторцикли ќе бидат однесени на технички преглед за понатамошна постапка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг