Една од најстарите германски пиварници стави клуч на врата по 350 години историја: Го произведоа последното пиво

Точка

02/10/2026

07:32

1.186

Големина на фонт

а а а

Германската пиварница „Eichbaum“, која е во стечај, го произведе своето последно пиво, со што и официјално престана со работа по речиси 350 години историја на компанијата, основана во 1679 година.

Производството беше прекинато на 30 септември, соопшти компанијата од Манхајм. Работењето ќе биде завршено најдоцна до 31 декември.

Затворањето на пиварницата ќе влијае врз 181 работно место. Меѓу раководството и работничкиот совет беше постигнат договор за усогласување на интересите и социјален план за вработените.


Според претходните извештаи, пиварницата „Park & Bellheimer“ од Пирмазенс ќе го преземе брендот на традиционалната манхајмска пиварница.

Работењето на брендот „Eichbaum“ ќе биде консолидирано под „Eichbaum-Vertriebs GmbH“, со седиште во Манхајм, согласно претходната најава.

Пиварницата на крајот на октомври 2025 година поднесе барање за стечај во рамките на самоуправата. Извозната продажба опаднала, а се намалила и домашната побарувачка. Тоа довело до недостиг на ликвидност. „Eichbaum“ претходно го продаде популарниот бренд „Karamalz“ на компанијата „Veltins“.


„Eichbaum“ не е единствената традиционална пиварница која се соочува со затворање. Само во вторникот, „Wolters“ од Брауншвајг објави дека таму ќе произведува пиво само до крајот на годината. Во тек се напори за зачувување на брендот. Германскиот пазар на пиво минатата година се намали понагло отколку кога било од повторното обединување на Германија, како што извести Сојузниот завод за статистика на почетокот на февруари.