Епилог од ждрепката во Нион: Составен комплетниот костур за четвртфиналните и полуфиналните дуели во ЛШ

Дерби

10/07/2020

13:39

1.299

Големина на фонт

а а а

Како што беше предвидено, денеска точно напладне во Нион започна мини церемонијата за четвртфиналната ждрепка во Лигата на шампионите, или по ново, фајнал-ејт турнирот кој ќе се игра во најелитното натпреварување поради кризата која ја предизвика коронавирусот.

Извлекувањето ни донесе навистина возбудливи парови за четвртфиналната рунда, пред која сепак не чекаат уште четири натпревари, оние недоиграните од осминафиналето. Сепак, тоа не беше пречка да се направи распоред за четвртфиналето, па така извлекувањето ни ги донесе следните парови.

Победникот од осминафиналето меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе игра во четвртфиналето со победникот од Јувентус и Лион, Атлетико Мадрид за противник го доби Лајпциг, подобриот од дуелот Наполи-Барса ќе игра против Баерн или Челси, додека последен пар е оној меѓу Аталанта и ПСЖ.

Осминафиналните дуели кои треба да се комплетираат ќе се одиграат на 7-ми и 8-ми август, по што сите тимови се селат во Лисабон каде четвртфиналињата ќе се играат од 12-ти до 15-ти август.

Веднаш по четвртфиналната ждрепка, беше направен костур и за полуфиналињата во Лигата на шампионите, па победникот од Атлетико-Лајпциг налетува на победникот од ПСЖ-Аталанта, додека за две места во полуфиналето ќе се борат Реал, Сити, Лион, Јуве, Наполи, Барса, Челси и Баерн.




Спонзорирани линкови

Маркетинг