[ВИДЕО] Алегри објасни каква порака имал за Хојлунд по пенал фарсата која ја режираа играчите на Наполи

Дерби

11/10/2026

11:01

197

Големина на фонт

а а а

Наполи со сигурни 3:0 го победи Фрозиноне и ја продолжи серијата од три меча без пораз во домашното првенство, а Макс Алегри посебно ќе се радува на тоа што неговиот тим ниту еднаш не беше загрозен на оваа средба.

Домашниот тим доминантно ја одработи задачата од почеток до самиот крај, но мора да се признае дека се започна со една пенал фарса која ја режираа Расмус Хојлунд и Кевин Де Брујне.

Поради тоа што напаѓачот се избори за најстрогата казна, Де Брујне му дозволи на помладиот колега да го изведе пеналот, но овој беше прочитан од голманот на Фрозионе и во прв момент следеше големо разочарување на трибините.

Среќна околност беше тоа што двајца играчи на Фрозиноне предвреме влетаа во шеснаесетникот и поради тоа пеналот беше одново изведен, а во втората ситуација, одговорноста ја презема Де Брујне.

Кевин погоди и Хојлунд веднаш по пеналот отиде директно да му се извини на својот тренер, по што Алегри по крајот на мечот откри и каква порака имал за својот напаѓач.

– Хојлунд ми пријде по голот од пенал и ми порача: извини тренеру, Де Брујне ми ја даде топката…. Јас му реков дека требал да му ја врати поради тоа што тој е прв пеналџија, – откри Алегри.