Тотенхем го доби она што го сакаше дури во судиското продолжение против Манчестер Јунајтед и конечно постигна гол, а истиот беше доволен да се избегне пораз кој ќе беше целосно незаслужен со оглед понуденото во првиот дел.
„Петлите“ одиграа извонредно прво полувреме и беше вистинско чудо како не постигнаа гол по три или четири стопроцентни шанси, но потоа текот на мечот се смени во вториот дел и Јунајтед знаеше како да профитира од притисокот кој го созададе.
Променетите улоги му овозможија на Мбеумо да го донесе домаќинот во водство, а потоа Тотенхем остана со играч помалку поради исклучувањето на Родриго Бентанкур, што наместо да делува негативно на психолошки план, интересно донесе поголема енергија на теренот и гостите израмнија во 92-та минута со голот на Соланки.
Бентанкур одговори на провокацијата од Шоу и поради удар со глава беше испратен на туширање, но наместо да добие прекор од својот менаџер, тој добил бакнеж во соблекувалната.
– Одигравме многу добро против силен тим, имавме огромен број шанси во првото полувреме, најмалку три или четири стопроцентни. Во второто полувреме беше очекувано да страдаме против ваков тим. За мене најважно е тоа што покажавме тимски дух и карактер во тешки околности.
– По крајот на мечот, го бакнав и му се заблагодарив на Бентанкур во соблекувалната. Јасно беше дека направи грешка, но неговиот потег предизвика позитивна реакција во тимот. Во фудбалот потребна ви е реакција, а ние реагиравме по црвениот картон и игравме подобро и похрабро со 10 играчи на теренот во вториот дел. Вложивме повеќе енергија и покажавме карактер. Долго време не сум го видел Тотенхем со оваа крв, со овој карактер и сега сакам да го гледам ова на секој следен натпревар, – изјави Италијанецот Де Ѕерби.








