Знаете ли што е “делфинска кожа”? Новиот тренд во шминкањето ги освои жените, лицето изгледа потполно мазно и блескаво

Кармин

09/07/2020

18:22

2.574

Големина на фонт

а а а

Терминот “делфинска кожа” го вовела шминкерката на славните дами, Мери Филипс, која за постигнување на овој изглед препорачува нанесување на повеќе сјајни елементи за мазна и блескава кожа.

Производите кои Мери ги нанесува се хајлајтер и руменило. Но, по што се разликува ваквиот начин на шминкање од класичниот за блескаво лице? 

“Делфинската кожа” се одликува со свиленкаста и блескава, но не претерано масна кожа – мазна како кожата на делфинот. Тука не е важен само сјајот и чувството на лето на кожата – целта е да изгледате како штотуку да сте се вратиле од плажа. Оние дами кои инаку имаат мазна и блескава кожа многу полесно ќе го добијат посакуваниот резултат, но тој е можен и кај сите други.

Најважно е кожата на лицето да ви биде правилно хидрирана. Пред нанесување на производите задолжително нанесете и заштитен фактор. Овојпат оставете ги настрана производите за мат изглед и нагласете ги јаболчниците со помош на течен хајлајтер. Потоа на образите додајте нежно руменило за да ја добиете посакуваната боја.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk