Трудница сакала да се фотографира со тигрица, а потоа големата мачка го забележала нејзиниот стомак...

Точка

07/07/2020

13:34

6.585

Големина на фонт

а а а

Кога Британи Смит-Озборн од сојузната држава Индијана ја посетила зоолошката градина Потаватоми во Саут Бенд со својата братучетка Наташа, очекувала прилично вообичаен ден, но се случило нешто што ги воодушевило луѓето ширум светот.

Кога Наташа се приближила до живеалиштето на тигрите, настанала неверојатна снимка. Како што известува “FOX 26 Houston”, Наташа во тој момент била 27 недели бремена. 

Кога забележала дека тигрицата се движи покрај стаклото, ја замолила Британи да ја сними со големата мачка.

Тигрицата покажувала интерес за Наташа и со шепите го допирала стаклото, а потоа го забележала нејзиниот труднички стомак и... погледнете што се случило:




Спонзорирани линкови

Маркетинг