5 едноставни трикови со кујнска сол за вашето домаќинство! Исчистете ги садовите, одзатнете ги цевките...

Кармин

03/07/2020

16:55

4.003

Големина на фонт

а а а

Кујнската сол може да биде корисна за секој вид храна, но исто така може да биде и повеќе од корисна за некои домашни проблеми.

Поради својот хемиски состав, солта е феноменална за чистење различни површини.

Ви пренесуваме 5 домашни трикови со кујнска сол кои што ќе ви го олеснат животот:

Трик 1: Солта може да ја искоритите за да ја исчистите вашата пегла. Само ви е потребна крпа која што ќе ја ставите на даската за пеглање и на која треба да ставите сол, а потоа треба да ја вклучите пеглата и да поминете со истата на површината од крпата.

Трик 2: За да го исчистите сунѓерот на кој што се собрала храна, сè што треба да направите е да го ставите во чинија со солена вода, добро да го натопите, да го исцедите и ќе биде како нов.

Трик 3: Со помош на сол може да ги исчистите и цевките од вашиот мијалник, за да не ви се запушат. Ставете поголема количина сол во вашиот мијалник, додадете оцет, па оставете неколку минути да отстои, а потоа пуштете млаз вода.

Трик 4: Бакарните садови најдобро се чистат со сол. Ставете сол на едно парче лимон и едноставно тријте ги вашите садови.

Трик 5: Доколку на подот ви паднало јајце, само ставете сол на него, за да не се разлее и полесно да може да да го исчистите од подот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk