Внесуваат позитивна енергија и привлекуваат пари: Во вашиот дом треба да имате барем еден предмет во овие бои

Кармин

03/07/2020

11:55

4.196

Големина на фонт

а а а

Многу богати и славни личности верно ја следат филозофијата на Фенг шуи и се “покоруваат” на советите и одредбите кои ги пропишува оваа древна кинеска вештина на живеење.

Според овие правила, одредени бои имаат моќ да привлечат пари и позитивна енергија во вашиот дом. Со нив се менува вибрацијата која кружи во просторијата, се освежува просторот и сето тоа резултира со успех и благосостојба во животот. 

Затоа набавете некој предмет или бојадисајте барем еден ѕид во домот во една од овие 4 бои.

Црвена боја

Црвената боја е позната по тоа што привлекува богатство, а многу брзо ја неутрализира негативната енергија. Старите Кинези секогаш ги чуваат парите во црвени паричници бидејќи според древните верувања, оваа боја привлекува уште повеќе пари во животот и носи благосостојба.


Зелена боја

Зелената боја носи слога во домот. Веднаш зад црвената, таа е вреден симбол на богатство, како духовно така и материјално.

Виолетова боја

Богатите, длабоки нијанси на виолетова боја внесуваат кралска атмосфера во домот. Оваа нијанса е симбол на отменост, богатство и духовност. Најдобро е виолетовите предмети да ги чувате во деловите од домот кои се свртени на југоисток и север.


Жолта боја

Жолтата боја поттикнува креативност. Таа е полна со позитивна енергија и може да го подобри сечие расположение. Оваа боја со себе носи многу нови прилики и позитивни промени.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk