Најсимпатичните изданија на малата бунтовна принцеза: Убавината и шармот ги наследила од својата мајка, а карактерот од чичко ѝ

Кармин

29/06/2020

09:20

2.617

Големина на фонт

а а а

Средното дете на британскиот престолонаследник и неговата сопруга Кејт плени со шарм и харизма, но и е прилично своеглавo.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се родители на 3 деца – две момчиња, Џорџ и Луис и преслатката 5-годишна Шарлот која е средно од трите деца на војводата и војвотката од Кембриџ. 

Момчињата, барем судејќи по фотографиите, но и зборовите на родителите – се полесни за одгледување за разлика од нивната сестра за која на прв поглед се забележува дека, покрај шармот поседува и силен карактер.

За малата Шарлот која досега собра убедливо најголемо медиумско внимание од сите 3 деца, велат дека кога нешто ќе зацрта – тоа мора и да го оствари.

Малата принцеза плени на фотографиите на кои позира пред кралскиот фотограф, подеднакво исто кога и намуртена се крие зад здолништето на Кејт и гледа во објективот како да сака да каже “остави ме на мира”.

Шарлот е активна, весела и ужива во игрите, но подеднакво се бори за својот дел за внимание од страна на нејзините зафатени родители.

Исто така, непроценливи се нејзините фотографии од венчавката на Хари и Меган Маркл.

Очигледно е дека малата принцеза е харизматично, убаво и паметно девојче со бунтовен карактер кој медиумите пишуваат дека го наследила од својот чичко Хари, кој во детството бил многу сличен на неа.

Судејќи по сè, за Кејт и Вилијам тоа е еден вид најава дека Шарлот нема лесно и без “борба” да ги почитува сите правила кои ги налага кралскиот протокол и неговите строги прописи. Токму како и нејзиниот чичко...


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk