Никол Кидман и во шестата деценија има завидна фигура – тајната е во правилото 80:20

Кармин

22/06/2020

16:04

5.996

Големина на фонт

а а а

Славната актерка пред 2 дена го прослави својот 53-ти роденден, но ретки се оние кои би ѝ дале толку години. Освен младешкиот изглед, Никол може да се пофали и со витката линија за која делумно се заслужни гените, но и исхраната која ја практикува.

Имено, неодамна открила дека практикуваисхрана позната како “правило 80:20”. Станува збор за правило според кое 80 отсто од дневниот внес на храната мора да биде здрав, додека 20 отсто од храната може да биде нездрава. Љубителите на ваквиот начин на исхрана тврдат дека ги изгубиле вишокот килограми без нездрави диети, изгладнувања и посебни ограничувања. 

Тајната е во тоа што не постојат забранети намирници, па така ако јадете 5 оброци дневно, во еден од нив можете да се почестите со нешто за кое копнеете. Секако, без претерување во количината. Како што објаснила славната актерка уште во 2014 година – клучна е умереноста.

Кидман не крие дека ужива во лебот, месото и морските плодови, но не ја занемарува ниту физичката активност со која ги троши внесените калории. Таа е голем љубител на возење велосипед, практикува јога, а не пропушта ни прилика да заигра некој спорт во друштво на семејството.

Освен тоа, Никол пораснала во семејство во кое сите трчале маратони, па долго живеела со верувањето дека е потполно нормално да се трча на долги релации, пишува “Insider”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk