Торти за развод! Дали сте слушнале за новиот тренд? Слаткарите се натпреваруваат кој ќе ја направи најдобрата

Точка

16/06/2020

20:50

6.417

Големина на фонт

а а а

Во случај да не сте слушнале или наишле на новиот тренд на социјалните мрежи - овие денови се слават и разводите..

Реално, зошто уживањето во тортите да биде ограничено на вообичаените свечени настани? Разводот се секогаш се случува со причина, а за многу луѓе тоа е добар чекор напред, кон поинаков живот. Па, зошто тогаш да не се прослави почетокот на едно ново поглавје? 

Сега кога знаете дека тортите за разводи се вистинска работа, време е да видите колку биле луѓето креативни и колку всушност сакале да го обележат овој тажен настан, па дури и успеале да го претворат во нешто позитивно.

Можеби делува смешно, но доколку и вие минувате ни развод, или некој ваш близок, обележувањето на овој настан може да ви донесе се што ви е потребно: неопходен заклучок, момент кога ќе исфрлите се од себе, радост за новата фаза во животот, наздравување за убавите и за лошите работи кои ги оставате зад себе...а сето тоа со вашиот омилен десерт.

Затоа, погледнете ги овие неверојатни торти за развод, кои ако ништо друго, барем ќе ве насмеат.