[ВИДЕО] Потег на момче вреден за восхит и солзи: Здогледал старец како јаде сам во „McDonald’s“, а потоа...

Точка

01/04/2026

19:21

595

Големина на фонт

а а а

Тригодишно момче од Оклахома разнежни милиони ширум светот, откако неговото видео се појави на ТикТок.

Сè се случило во текот на едно обично утро во ресторанот „McDonald’s“, каде што Хадсон дошол со својата мајка. Додека седеле на масата, забележал постар човек кој појадувал сам и поставил изненадувачко прашање.

„Моето дете има најголемо срце“

Малото дете ја прашало мајката: „Каде се неговите деца?“, а таа му објаснила дека веројатно пораснале и се отселиле. Одговорот не го задоволил. Без двоумење, го зел својот оброк и му пришол на непознатиот човек, седнал на масата и почнал да јаде со него, како да се познаваат со години!

Тој едноставен, но силен гест ја изненадил и неговата мајка, пренесува „ProtoThema“.


„Моето дете има најголемо срце“, напишала во описот на видеото на ТикТок. Како што вели, сцената целосно ја скршила.

„Бев истовремено среќна и тажна. Се расплакав среде ресторанот. Не мислев дека ќе можам да се приберам“, признала таа.

„Ова е нешто најслатко...“

Приказната добила уште поемотивен пресврт кога се утврдило дека постариот господин бил близок пријател на покојниот прадедо на малиот Хадсон.

Сцената предизвикала лавина реакции на социјалните мрежи.

„Сигурен сум дека потегот на момчето му го разубавил денот на овој човек“, напишал еден корисник, додека друг додал: „Ова е нешто најслатко што сум го видел“.


Особено одекнал коментарот кој потсетува дека „постарите луѓе често се најосамени“ и дека ваквите гестови им значат повеќе од било што друго. На видеото реагирале и познати брендови како „Duracell“, кој порача дека „неговата позитивна енергија треба да се чува по секоја цена“, како и синџирот пицерии „Pizza Hut“, со коментар: „Дајте нѝ марамчиња“.

Сепак, имало и скептични коментари. Имено, поединци ја „обвиниле“ мајката дека сè е исценирано за да привлече внимание на интернет. Таа тоа одлучно го демантирала.

„Не му реков на синот да седне до тој човек. Тој ме праша дали може. Ги сака постарите луѓе како да му се баба и дедо. Имаме ресторан и често седи со постари парови. Ги загуби прабабите и прадедовците и многу му недостигаат“, објаснила таа.