Ѕвездите им се наклонети: Овие два хороскопски знаци никогаш нема да раскинат

Кармин

11/06/2020

11:47

2.676

Големина на фонт

а а а

За оваа астролошка комбинација велат дека е нераскинлива и најинтересна комбинација на Зодијакот.

Очекувано или не, станува збор за Лав и Вага, а особено е добар пар ако жената е Вага, а мажот – Лав. 

Уште при самото запознавање помеѓу нив може да се роди голема обострана симпатија и моќна љубовно-сексуална привлечност бидејќи Лавот е навикнат на комплименти, внимание и љубезност додека Вагата по љубезност, во однос на другите хороскопски знаци го зазема првото место. Овој пар едноставно си го пружа еден на друг баш она што е потребно и тука нема дилема дека среќата е загарантирана.


Се случуваат и помали отстапки, но ова е речиси правило без исклучок. И двајцата знаат да бидат нежни, а во друштво го даваат вниманието, како на останатите така и помеѓу себе.

Нивниот живот понекогаш може да биде навистиа гламурозен, а кога двајцата уживаат во тоа, нема конфликти. Вагата не секогаш ја крие својата посесивност, но доминантниот Лав едноставно не обрнува внимание на таквите ситници.

Најважно од сè е што и двајцата се врвни комуникатори и тоа е тајната на нивната љубов – каков проблем и да имаат, тие двајца ќе го решат со разговор.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk