На интернет се шири предизвик кој ги испитува привилегиите на белците: „Нè злоставуваат“

Точка

03/06/2020

15:56

3.575

Големина на фонт

а а а

На социјалната мрежа ТикТок се појави нов предизвик кој го нарекле 'Провери ги своите привилегии'.

Предизвикот го започнала жена од Вирџинија, која во видеото зборува за искуството со дискриминација.

Знам дека дискриминацијата се случува поради многу причини и во многу подрчја, поради што предизвикот не го нареков Бела привилегија“, објаснила за „BuzzFeed“.

Во видеото ги повикува луѓето да го спуштат прстот надолу ако се нашле во слични ситуации.

„Спуштете го прстот надолу ако сте (биле) дискриминирани поради бојата на кожата, ако некој ве избегнувал на улица, ако некој без причина ве следел во продавница, ако некој излегол од лифт за да не мора да се вози за вас, ако ви е страв кога ќе ве запре полиција, ако ве злоставуваат поради расата, ако ве одбиле поради бојата на кожата“, набројувала жената.

Корисниците на ТикТок почнале да снимаат идентични видеа и да споделуваат слични искуства.



Спонзорирани линкови

Маркетинг