Крај на 3-годишната врска: Нејзе започнала да ѝ смета неговата поранешна сопруга, а за него се зборува дека е зависник од секс

Точка

28/05/2020

21:43

12.213

Големина на фонт

а а а

Скот Дисик и Софија Ричи ставиле крај на нивната 3-годишна врска. Гласините за нивната разделба кружат веќе со недели, уште откако Скот се пријавил во центар за одвикнување, а во тоа време Софија уживала со пријателите во Малибу.

Дисик од самиот почеток тврдел дека не е зависен од дрога, а се зборува дека е зависник од секс.

“Малку вода не убило никого”, напишал Скот во описот на фотографијата која ја објавил по веста за крајот на врската. 

Извор близок до парот истакнува дека на Софија ѝ здодеал односот во кој Скот недоволно се трудел, а неговата поранешна сопруга Кортни Кардашијан дополнително придонела за тоа. Карантинот поради пандемијата на коронавирусот го поминале одвоено, а проблемите кои се таложеле во нивната врска едноставно повеќе не можеле да се решат.


“Кортни не ѝ олеснуваше, тоа е јасно. А таквото однесување може да се толерира само одредено време”, тврдат извори. Скот неодамна го прославил својот 37-ми роденден без Софија, а бил во друштво на својата поранешна сопруга и нивните 3 деца.

Папараците го “фатиле” Дисик ден по веста дека тој и Софија раскинале, во Лос Анџелес како купува накит.


Парот ја започна врската во 2017 година откако се запознал во јужна Франција. До септември истата година потврдија дека се во врска, а од самиот почеток ги следеа проблеми. Таткото на Софија, Лионел Ричи, отсекогаш одбивал да верува дека неговата најмлада ќерка е во врска со 15 години постара ѕвезда на реално шоу и не ја одобрувал нивната врска. Од друга страна, проблеми им правела и најстарата Кардашијанка со која Скот со години беше во брак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг