[ФОТО] Поранешната ѕвезда на Дизни изгледа неверојатно: Дали би го препознале овој убавец?

Точка

11/09/2026

21:00

148

Големина на фонт

а а а

Актерот Зак Ефрон со една објава ги „запали“ социјалните мрежи. Тој објави фотографија која за кратко време предизвика голем број реакции.

Ефрон не се откажува така лесно од летото и летните активности. На Инстаграм, каде што често објавува фотографии од приватниот и професионалниот живот, покажа како го поминува слободното време, а се чини дека уште некое време ќе ужива во сончевите денови.


Тој објави „жешка“ компилација од фотографии со четири години помладиот брат Дилан и со пријателите. Денот го искористиле за уживање и сурфање, а вниманието на многубројните корисници на социјалните мрежи го привлече Зак.

Неговите извајани стомачни мускули и овој пат беа главна тема на социјалните мрежи, а многу жени, но и мажи му упатија комплименти за неговиот изглед.


„Ви благодарам за глетката“, „Не можам да кажам ништо пристојно. Само ќе кажам – одлични фотографии“, „Овие мажи се најјаки“, „Обожавам да го гледам телото на Зак“, беа само дел од коментарите.

Фокусот му е на приватниот живот

Ефрон неодамна зборувал за промената на приоритетите и открил дека сега сака повеќе да му се посвети на приватниот живот и личното задоволство.

„Ми требаше извесно време да стигнам до оваа точка, но мојата најголема мотивација е да бидам среќен и во професионалниот и во приватниот живот. Предолго бев фокусиран само на работата и го занемарував приватниот живот“, изјавил тој за списанието „Heat“.


Актерот се осврнал и на периодот кога во 2017 година го снимал филмот „Baywatch“. Поради улогата, го довел своето тело до крајни граници, а тоа негативно се одразило врз неговото ментално здравје.

„Мислам дека мажите, исто како и жените, мора да бидат реални. Формата во која бев за „Baywatch“ не беше одржлива. Не бев среќен додека живеев на начинот што ме доведе до таков изглед. Денес му придавам многу поголемо значење на моето ментално здравје“, објаснил актерот.