Џорџина објави семејна фотографија, па фановите ја обвинија дека е вулгарна и дека не носи долна облека: „Навистина претера“

Кармин

26/05/2020

13:25

10.100

Големина на фонт

а а а

Џорџина Родригез позирала со Кристијано Роналдо и четирите деца, а на сите вниманието им го привлекло нејзиното издание.

Убавата Џорџина често позира во сексапилни комбинации, а следбениците на социјалната мрежа Инстаграм неретко се воодушевени од нејзините фотографии во танга.

Џорџина овојпат објавила фотографија со целото свое семејство на која што со нејзиниот вереник и четирите деца се наоѓа во базен.

„Одевме не барајќи се, но знаејќи дека ќе се сретнеме. Мојот живот“ – напишала таа покрај објавата.

На следбениците на Џорџина најмногу внимание им привлекло тоа како таа е облечена...

Имено, коментарите биле упатени за нејзиното бикини кое што повеќе открива отколку што покрива, а некои сугерирале дека таа носи маица и танга. Дел од луѓето истакнале дека не носи воопшто долна облека и дека тоа е навистина непримерно поради тоа што позира во близина на своите деца.

„Зошто толку многу сакаш да го покажуваш своето тело?“, „Навистина претера“, „Кристијано е голем среќник“, се само дел од коментарите на објавата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk