Познатиот холивудски пар се разведува по 10 години брак и 3 деца: Актерот си ја отворил душата во својата емисија

Кармин

19/05/2020

12:22

5.634

Големина на фонт

а а а

Меган Фокс и Брајан Остин Грин се разведуваат по речиси 10 години брак. Актерот најпознат по улогата во тинејџерската серија “Beverly Hills 90210” потврдил во својата подкаст емисија дека тој и Меган, со која има 3 деца, тргнале по различен пат.

Тој се огласи во јавноста откако актерката од “Transformers” била видела во друштво на американскиот музичар Машин Ган Кели.  

Во подкастот на самиот почеток, Брајан на своите фанови им објаснил дека тој и Меган се оддалечиле еден од друг кон крајот на минатата година, кога таа ја напуштила Америка поради снимањето на филмот “Midnight in the Switchgrass” со 30-годишниот музичар. Актерот истакнал дека работите не се промениле многу кога таа се вратила од снимањето.


Брајан отворено зборувал во подкастот дека ѝ дал на сопругата неколку недели да се врати во нормалниот живот по отсуството, а потоа започнале искрен разговор за нивниот брак.

“Рече дека сфатила кога беше надвор од земјата дека таму повеќе си се допаѓала и дека смета дека вреди да тргне по тој пат”, се присетил Брајан на разговорот.

Бев шокиран и вознемирен, но не можам да бидам лут бидејќи таа не барала да се чувствува на тој начин. Не го направила тој избор, само искрено го чувствувала тоа. Уште малку зборувавме и одлучивме да се разделиме на некое време. Тоа и го направивме”.


Имавме прекрасна врска и секогаш ќе ја сакам и знам дека таа ќе ме сака мене”, рекол Грин.

Во Холивуд разводите често завршуваат на грозен начин, во кавги и јавни препукувања, но тие знаеле дека не сакаат да одат по тој пат.

Брајан и Меган имаат 3 сина – 3-годишниот Џорни Ривер, 6-годишниот Боди Рансом и 7-годишниот Ноа Шенон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk