Еден од најпопуларните парови на македонската сцена, Слаткар и Сања, минатиот месец станаа родители.
Тие за своето прво дете го одбраа името Моша. Слаткар, како татко кој сериозно си ги сфаќа своите обврски кога е Моша во прашање, пред неколку денови измислил песна токму за него.
Имено, станува збор за приспивна песна. Слаткар сподели и видео на неговиот Инстаграм, во кое додека му ја пее „Mоshiko Freestyle“, Моша се обидува да заспие. Видеото го лајувале речиси 3.000 негови фанови.
„Мошико, моши, моши, мошико, најубаво дете на цел свет. Да ја разбудам мама, сакам да ме фати, во раце да ме клацка, да ми даде малце да јадам. За да пораснам голем и да бидам јак, најјакиот Моша. Не треба да плаче Мошико, Моша најубаво дете“, пее Слаткар.