Емотивно писмо со кое се отпуштени 1.900 луѓе: „Навистина ми е жал. Ве молам, треба да знаете дека ова не е ваша грешка“

Кармин

06/05/2020

12:35

3.038

Големина на фонт

а а а

Коронакризата има тешки последици во целиот свет, а еден од големите губитници е и компанијата „Airbnb“, која што оваа година требаше да излезе на берза.

„Оние кои што ја напуштаат „Airbnb“, навистина ми е жал. Ве молам, треба да знаете дека ова не е ваша грешка. Светот никогаш нема да престане да бара квалитети и таленти, онакви какви што вие донесовте во компанијата“ – ова се зборовите на извршниот директор на компанијата, Брајан Чески со кој што ги најавил големиот број откази во компанијата.

Додека отпуштањето на работниците не е едноставно и за поголемиот дел од работодавачите тоа е најтешката одлука која што можат да ја донесат, Чески во својата порака на досегашните вработени во неговата компанија им пружил почитување, за разлика од компанијата „Bird“, чиј директор работниците ги отпушти на прилично шокантен начин, со групна звучна порака на „Zoom“.


Директорот на компанијата во групното писмо напишал дека ‘денес живееме во најтешката криза на нашите животи која што ги запре глобалните патувања, што директно се одрази на компаниите’.

Иако е тешко како ќе заврши сето ова до крајот на годинава, веќе сега е јасно дека приходите на компаниите во 2020-та година се помали од кога и да е.

Во компанијата „Airbnb“ без работа ќе останат 1.900 од вкупно 7.500 вработени, а оваа компанија годинава требаше да биде една од најдобрите и највозбудливи досега.

Таа и понатаму останува приватна компанија за чие излегување на берзата се зборува многу долго, но поради коронакризата сепак ќе мора да почекаат тоа да се случи во некои подобри денови за сите нас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk