Досега невидено: Насловната страница на италијанскиот Вог го остави модниот свет без зборови

Кармин

08/04/2020

12:32

1.697

Големина на фонт

а а а

Италијанското издание на магазинот Вог излегува на 10 април, а неговата насловна страница е и повеќе од симболична.

Наместо некоја манекенка или актерка кои инаку ги красат насловните страници на овој магазин, уредниците се одлучиле за бела, речиси целосно празна насловна страница. Освен името на магазинот и месецот во кој излегува, на неа нема ништо друго. 

“Во својата долга историја која се протега низ повеќе од стотина години, Вог прошол низ војни, кризи, терористички напади. Неговата благородна традиција е никогаш да не гледа на другата страна. Пред нешто помалку од две недели требаше да го испечатиме изданието кое го планиравме веќе некое време и кое вклучуваше и “L’Uomo Vogue”. Но, сега да се зборува за било што друго додека луѓе умираат, а докторите и медицинските сестри ги ризикуваат своите животи и светот засекогаш се менува, не е во ДНК-то на “Vogue Italia”. Поради тоа започнавме отпочеток. Одлуката за првпат во нашата историја да испечатиме потполно бела насловна страница не е затоа што недостасуваше фотографија – токму спротивното. Ја одбравме бидејќи белата боја симболизира повеќе работи во исто време”, порачал уредничкиот колегиум предводен од главниот уредник Емануел Фарнети.

View this post on Instagram

The Vogue Italia April Issue will be out next Friday 10th. 🤍🤍🤍 “In its long history stretching back over a hundred years, Vogue has come through wars, crises, acts of terrorism. Its noblest tradition is never to look the other way. Just under two weeks ago, we were about to print an issue that we had been planning for some time, and which also involved L’Uomo Vogue in a twin project. But to speak of anything else – while people are dying, doctors and nurses are risking their lives and the world is changing forever – is not the DNA of Vogue Italia. Accordingly, we shelved our project and started from scratch. The decision to print a completely white cover for the first time in our history is not because there was any lack of images – quite the opposite. We chose it because white signifies many things at the same time. 🤍🤍🤍 White is first of all respect. White is rebirth, the light after darkness, the sum of all colours. White is the colour of the uniforms worn by those who put their own lives on the line to save ours. It represents space and time to think, as well as to stay silent. White is for those who are filling this empty time and space with ideas, thoughts, stories, lines of verse, music and care for others. White recalls when, after the crisis of 1929, this immaculate colour was adopted for clothes as an expression of purity in the present, and of hope in the future. Above all: white is not surrender, but a blank sheet waiting to be written, the title page of a new story that is about to begin.” #EmanueleFarneti @EFarneti #imagine #FarAwaySoClose #WhiteCanvas --- Read the full Editor’s letter via link in bio. Full credits: Editor in chief @Efarneti Creative director @FerdinandoVerderi

A post shared by Vogue Italia (@vogueitalia) on

Тие објасниле и што значи белата боја за нив.

“Белата боја е пред сè почит. Белата боја е повторно раѓање, светлина по темнината, збир на сите бои. Белата е боја на униформите кои ги носат оие кои го ставаат својот живот на прва линија за да го спасат нашиот. Претставува простор и време за размислување, како и за молчење. Белата е за оние кои ова празно време и простор го исполнуваат со идеи, размислувања, приказни, стихови, музика и грижа за другите. Белата боја нè потсетува на времето по кризата во 1929 година кога оваа беспрекорна боја преовладуваше на облеката како израз на чистота во сегашноста и надеж во иднината. И над сè, белата боја не е предавство туку празен лист кој чека да биде испишан, насловна страница на нова приказна која штотуку треба да започне”, додале од Вог.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk