Сопругата на Том Хенкс испрати моќна порака до целиот свет, откако беше пуштена од болницата во која се лечеше од коронавирусот

Кармин

19/03/2020

16:46

5.414

Големина на фонт

а а а

Покрај видеото кое што го објавила, Рита Вилсон има моќна порака до сите нас.

Хиливудската ѕвезда Том Хенкс и неговата сопруга, актерка и пејачка Рита Вилсон, пуштени се од болницата откако дознале дека се заразени од коронавирусот, но и понатаму се во карантин.

Популарниот актер е првата јавна личност која откри дека е позитивна на Ковид-19, а тој и неговата сопруга беа заразени во Австралија каде што Хенкс снимаше биогравски филм за Елвис Присли.

Двајцата по неколку денови биле пуштени од болница, но и понатаму се наѓаат во самоизолација.

Бидејќи и двајцата се огласуваа на социјалната мрежа Инстаграм и во текот на изолацијата во болница каде што ги известуваа своите фанови за нивната здравствена состојба, Рита се огласи и по доаѓањето дома.

Пејачката и актерка објавила видео на кое ја пее својата песна „Broken Man“, а покрај тоа имала и моќна порака до сите луѓе ширум светот.

„Луѓето не се совршени. Мораш да ги сакаш и покрај нивните доблести и маани“ – напишала таа.

Инаку, Том Хенкс бил прв пуштен од болницата, а сега и неговата сопруга. И додека престојуваа во австралијанската болница тие не го губеа нивниот позитивен дух, а во објавите на социјалните мрежи апелираа до фановите да бидат свесни и да ги слушаат советите од експертите во текот на оваа глобална пандемија – коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk