Во живо: Последно збогување со Коби и Џиџи! Ванеса во солзи зборуваше за загубата!

Точка

24/02/2020

21:17

5.055

Големина на фонт

а а а

Збогувањето од Коби Брајант, неговата ќерка Џијана и уште 7-те настрадани во хеликоптерска несреќа, започна во понеделникот на 24-ти февруари (денеска) во Лос Анџелес во 10 часот по локално време.

Како што пренесува CNN, нема да има комеморација, туку т.н. “славење на животот“, која се одржува во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес.

Програмата ја води водителот Џими Кимл, познат спортски коментатор.

Во живо:

20:10 После Ванеса пред микрофонот излезе најдобрата американска кошаркарка Дајана Торази, која Коби ја нарече “Бела мамба“.

20:00 Ванеса ја продолжи приказната за Коби:

Беше најдобар сопруг. Ме сакаше повеќе од што можам да замислам. Не знам како заслужив човек како Коби. Секогаш мислеше на нашата годишница, се грижеше за децата. Бог знаеше дека не можат да бидат на Земјата еден без друг, па двајцата ги зема. Драги, грижи се за Џиџи, а јас за останатите. Двајцата ве сакаме и нѝ недостасувате засекогаш. Мама.

19:50 Ванеса Брајант излезе на говорницата.

Ви благодарам на сите што сте тука и ви благодарам на поддршката која моето семејство ја чувствува од сите страни на светот. Сакам да зборуваме за Коби и Џиџи, но ќе почнам од моето мало девојче. Беше прекрасно девојче, ме бакнуваше навечер пред спиење и наутро кога ќе станеше. Беше натпреварувачки расположена исто како нејзиниот татко. Нејзината насмевка беше како сонце. Коби секогаш зборуваше дека е како мене, дека ја има мојата борбеност и најубава насмевка. Беше лидер, учител, знаеше шпански уште од мала и ги поседуваше сите таленти за лидер. Џиџи, нѝ недостасуваш секој ден“, рече низ солзи Ванеса и додаде:

„Џиџи веројатно би била најдобриот играч во WNBA. Сакаше да го промени начинот на кој ги гледаат жените во спортот, дури и во училиште постојано пишуваше за тоа.“

19:45 Џими Кимл им се обрати на присутните после Бијонсе и се заблагодари што дојдоа да го прослават животот на 9-те загинати во хеликоптерската несреќа. А потоа цела сала велеше: „Коби, Коби, Коби...“

На церемонијата присуствуваа Пол Гасол, Меџик Џонсон, Џенифер Лопез, Карим Абдул Џабар, Стеф Кари, Двејн Вејд, Мајкл Џордан... цел НБА тим, вклучувајќи го и Бил Расел.

19:35 Бијонсе ја испеа првата песна на оваа прослава во Стејпс центарот, каде имаше повеќе од 20.000 луѓе.

Што е прослава на животот?

Понекогаш во Америка луѓето избираат да одржат прослава на животот, наместо класичната комеморација и погреб.

Во некои случаеви починатите можат да имаат “прослава на животот“ неколку денови, месеци или години после погребот.

За разлика од класичниот погреб, “прослава на животот“ е всушност весела прослава, каде луѓето не доаѓаат во тага, туку расположени и со насмевка се сеќаваат на починатите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг