„Ги фрлив клучевите на маса и избегав“: Златан „пукнал“ од бес, ова не го очекувал од својот татко

Точка

26/09/2026

16:56

739

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ, легендарниот поранешен фудбалер, раскажа една ситуација со својот татко, кога му купил автомобил.

Ибрахимовиќ пораснал во скромни услови во Малме. Кога станал светски познат фудбалер и заработил пари, сакал да му обезбеди на својот татко сè што сметал дека му е потребно.


Меѓутоа, една таква ситуација предизвикала расправија по која, како што самиот вели, Златан „пукнал“.


Златан во една прилика на својот татко Шефик му купил скап автомобил „Mercedes S-Class“. Меѓутоа, реакцијата не била онаква каква што очекувал поранешниот шведски репрезентативец.


„Му купив автомобил на татко ми и му реков: ’Ова е твојот автомобил. Твој е, сакам да го возиш.‘ Беше ’Mercedes S-Class‘. Тој само ме погледна и ладно ми одговори: ’Не ми треба автомобил.‘ Му реков: ’Мора да изгледаш како Балканец! Ти купив голем, убав автомобил. Ти си таткото на Златан, вози го и биди горд!‘ Тој повторно, сосема смирено, ми рече: ’Не ми треба автомобил.‘ Тоа почна сериозно да ме нервира. На крајот пукнав и реков: ’Слушај, ова е твој автомобил и точка! Вози го.‘ Ги фрлив клучевите на масата и луто ја напуштив собата“, раскажа Златан Ибрахимовиќ.