Кари се договорил со Голден Стејт и побарал помала плата од максималната

Дерби

26/09/2026

13:32

199

Големина на фонт

а а а

Стеф Кари ја прекина неизвесноста во однос на преговорите со Голден Стејт и договорил двегодишна соработка за која ќе заработи 116 милиони американски долари.

Легендата на франшизата од Калифорнија не планира да менува клуб во финишот на кариерата и ќе остане лидер на „воините“, па дури и за помала сума која можеше да ја добие доколку инсистираше на максимален договор.

Кари решил да пресече во однос на чекањето за подобри услови, а со договорената сума, оставил простор во селари капот, со кој Голден Стејт може дополнително да го засили ростерот следното лето.

Во последната сезона од актуелниот договор кој истекува, Стеф ќе добие 62,6 милиони долари, по што добива опција за продолжување на договорот на уште две години за максимални 136,7 милиони долари.

Следната сезона Кари ќе заработи 62,6 милиони долари, а во сезоната 2027/28 неговиот договор ќе му обезбеди заработка од 55,7 милиони долари, со што ќе стигне до вкупни 652 милиони долари само од заработени плати во НБА и ќе биде прв играч кој ја надминал границата од 600 милиони долари во кариерата.