Манчестер Сити е прогласен за виновен по речиси сите обвиненија за кои се теретеше, па веднаш по таквата вест која беше објавена, во англиската јавност следеше вистинска бура од реакции и информациите поврзани за понатамошниот тек на настаните.
Клубот од „Итихад“ ќе има шанса да ја обжали оваа одлука и сигурно ќе активира таква правна мерка, но бидејќи останатите клубови дознаа дека на Манчестер Сити може и ретроактивно да му бидат одземени титули, медиумите веќе почнаа да прават калкулации за тоа кои тимови најмногу би профитирале.
Обвиненијата за кои се терети Манчестер Сити се однесуваат за годините од 2009-та до 2018-та, па ако се земе во предвид само овој период за да се одземаат титули, најмногу би профитирале Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
„Црвените ѓаволи“ би придодале уште два титули на своето конто, Ливерпул една, а иако такво сценарио е само едно од многуте кои можат да се замислат, Давид Де Хеа отвори голема дебата со објавата која ја имаше на социјалните мрежи.
Извонредниот шпански голман освои една титула во Премиер лигата како член на Манчестер Јунајтед, но после најновите вести за финансиските прекршоци кои ги правел Манчестер Сити, се надева дека може да му бидат допишани уште две.
– Па….. ајде да зборуваме. Колку титули во Премиер лигата имам освоено? , – запраша Де Хеа.
So……
Let’s talk.
How many Premier League titles have I won then? 🤔
— David de Gea (@D_DeGea) September 25, 2026






