Ги водела Греми наградите без грам шминка, сите се воодушевени од нејзината природна убавина во 39-та година од животот

Кармин

27/01/2020

18:29

4.903

Големина на фонт

а а а

Многумина ја сметаат славната пејачка за предводник на “no make up” трендот. Имено, Алиша Кис веќе неколку години се појавува на важните настани без шминка и со својот пример им докажува на жените ширум светот дека не им е потребна шминка за да се сакаат самите себеси.

Ништо поинаку не било ниту на нејзиниот настап на овогодишните Греми награди. Алиша буквално блескала, облечена во долг светкав фустан кој ја следел нејзината линија на телото. 


Бидејќи оваа година била во улога на водителка на доделувањето, пејачката се пресоблекла неколку пати, а едно од повпечатливите изданија бил провокативниот комбинезон кој го носела во комбинација со впечатливи високи чизми.


За фокусот да биде на нејзиното лице, таа имала необична фризура, а обожавателите уште еднаш не пропуштиле шанса да го искажат своето воодушевување за нејзината природна убавина со која може да се пофали во 39-та година од животот.

За потсетување, Кис дошла до идејата да престане да се шминка сосема случајно, кога една фотографка ја замолила да ја фотографира во целосно природно издание.


“Бев шокирана. Веднаш почувствував нервоза и ми беше непријатно. На лицето немав ништо, а на себе носев тренирки. Доколку некој ме прашаше, би му кажала дека сум спремна за стилист кој ќе ме припреми за фотографирање”, изјавила Алиша.


Во тој момент, таа сфатила дека никогаш не се чувствувала помоќно и послободно и одлучила да го направи дотогаш незамисливото – да се појави без шминка на црвениот тепих. Сепак, пејачката нагласува дека е одлично да носите шминка ако тоа ве прави среќни, но и дека шминката станува проблем во оној момент кога ќе започне да ве отповарува и кога ќе започнете да се прашувате што ќе помислат луѓето за вас доколку се појавите некаде без ништо на лицето.

“Не сакам да ги посрамотам оние кои уживаат во тоа. Никој не смее да биде омаловажуван поради начинот на кој се изразува и тоа е целата поента на приказната”, истакнала Алиша.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk