„Ја викнав поранешната, имавме секс и сега е бремена! Во брак е, а на сопругот му рекла дека детето е негово! Очаен сум...“

Точка

24/01/2020

19:26

7.471

Големина на фонт

а а а

43-годишен маж побарал совет од психотерапевтката Деидре, откако спиел со поранешната девојка која сега е во брак.

„Мојата поранешна девојка и јас раскинавме пред две години. Тоа беше моја одлука, но ми недостасуваше секс со неа. Минатата година кај мене владееше 'суша', па ѝ испратив порака и ја прашав дали сака да има секс со мене. Брзо прифати и кога нејзиниот сопруг не беше тука, дојде кај мене дома. Ме увери дека не нѝ се потребни кондоми, па мислев дека користи таблети.“


Нагласил дека тој ден му бил одличен и дека имале секс 3 пати. Не планирал повеќе да се слуша со неа, сè додека еден ден не му кажала дека е бремена, пренесува The Sun.

„Изгледа дека таа и нејзиниот сопруг имале проблем со зачнување. Му рекла на сопругот дека тој е таткото. Сепак, сакам да направам ДНК тест, за да ја дознаам вистината. Од друга страна, таа сака дете со нејзиниот сопруг, а не со мене. Навистина би сакал да бидам татко, не знам што да правам.“


Деидре му одговорила: „Тоа било многу добра понуда која не си можел да ја одбиеш, но изгледа дека твојата поранешна девојка има свој план и цел.“

Му рекла дека постои голема шанса нејзиниот сопруг да е татко на детето, бидејќи не се посомневал како забременила, што значи дека редовно имаат секс, пренесува The Sun.

Го посоветувала да се договори со поранешната девојка за ДНК тест, но дека најбитно од сè е детето да има татко кој ќе го сака, дури и да не му е биолошки татко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг