Се венчала во болница за да ја исполни последната желба на татко ѝ кој бил на смртна постела!

Кармин

15/01/2020

13:40

2.577

Големина на фонт

а а а

Откако минатата година се вериле, Шелби Счвеикхарт и Џерд Конвил од Ивансвил, почнале да ја планираат својата венчавка за 3-ти ноември, 2020-та година, имајќи предвид дека таткото на невестата, кој се лечел од карцином, дотогаш ќе излезе од болница и ќе може да ја предаде невестата пред олтарот.

Но, плановите им се промениле откако на таткото на невестата, Стивен, му било речено дека ракот на тестисите се вратил и се проширил на белите дробови и дека не одговара на хемотерапијата.

Одлучиле веднаш да се венчаат и тоа покрај неговиот кревет во болницата, во американската сојузна држава Индијана.


Шелби вели дека на 29-ти декември го повикала својот свештеник и му кажала за што станува збор. Тој рекол дека може да стигне во болница за 30 минути. Првиот план бил да се венча во блузата со која секојдневно одела во болница, но нејзините пријатели не сакале да слушнат за тоа.

Бидејќи нејзината венчаница требало да биде готова дури во февруари, тие позајмиле венчаница и вел за оваа прилика. Ги облекла и се појавила во собата.


Пријателите на Џејсон за таа пригода му купиле дрес од поранешниот напаѓач Ендру Лук, бидејќи често се шегувале на таа тема.

„Тоа беше најубавиот, горко-сладок момент во мојот живот. Само сакав татко ми да го види своето девојче додека се венча и ова беше единствениот начин“, вели Шелби во објавата над краткото, 5-минутно видео од својата венчавка, кое го објавила на Фејсбук. Објавата набрзо имала повеќе од 300.000 прегледи и споделена е повеќе од 3500 пати.


„Го објавив за да го видат семејството и пријателите, не очекував дека ќе стане вирално“, вели невестата.

Само неколку денови потоа, нејзиниот татко одлучил дека повеќе не сака да се лекува, па е пуштен од болницата и моментално е на домашно лекување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk