Фотографијата од трите девојчиња во музеј предизвикала расправа: „Што не е во ред овде?“

Точка

13/12/2019

10:46

3.690

Големина на фонт

а а а

Актерката Бет Мидлер на Твитер споделила фотографија која настанала во њујоршкиот Metropolitan музеј на која се гледа како три девојчиња седат покрај историска слика свртени со грб и гледаат во своите мобилни телефони.

„Што не е во ред со оваа фотографија?“ - прашала актерката.

Веројатно не очекувала дека луѓето ќе ја нападнат токму неа во коментарите.

„Ништо не е погрешно со оваа фотографија затоа што не ја знаеме приказната. Можеби девојчињата ги контактираат своите родители откако со часови биле во музејот. Можеби читаат за историјата на уметноста на интернет“ - напишала авторката Катрина Реј Саулис.

„Па што и доколку не се заинтересирани? Мора да научиме да ги оставиме луѓето на мир доколку на никој не му пречат“, „Значи некој ги фотографирал девојчињата на јавно место без причина?“, „Сега го споделуваш ова за да ги посрамотиш нив и нивната генерација?“, „Веројатно гледаат апликација за да научат нешто повеќе за уметноста“ - биле само некои од коментарите.

Слична ситуација се случила и во 2016-та година кога била фотографирана група деца со мобилни телефони пред слика во музејот во Амстердам и истата почнала масовно да се сподеува на социјалните мрежи.

##https://twitter.com/ChrisGunness/status/688112250607939584##

Дури некои таа фотографија ја нарекле “метафора на нашето време“.

Подоцна се утврдило дека децата користеле аплиакција во музејот која била во состав на училишниот проект.




Спонзорирани линкови

Маркетинг