Откако се појави на светката сцена, познатата американска актерка Деми Мур важи за една од најголемите секс симболи во Холивуд.
Иако млада и веќе на големо популарна, 25-годишната Деми се венчала со Брус Вилис, еден од најпосакуваните мажи.
Младиот пар се венчал во 1987-та година во кој добиле три ќерки: Румер, Скау Лара и Талула Беч.
Девојките од самото раѓање, привлекувале големо внимание во јавноста, а полемиката за тоа на кој повеќе личат, на мајката или таткото не престанува.
Како што секогаш вообичаено се случува со децата на познатите актери и овие три девојки се занимавале со актерство, а парот одлучил да ги одгледува во малиот град Хејли, далеку од Холивуд. Се надевале дека таму барем малку ќе имаат понормално детство.
Секоја од нив трите, во одредена доза отсекогаш била во центарот на јавноста додека растеле. И обожавателите на овој пар забележале дека ќерките личат и на нивата мајка и на нивниот татко.
Иако познатиот пар се развел во 2000-та година, целото семејство продолжило заедно да се појавува на црвениот тепих и во јавноста.
Најстарата ќерка на Брус и Деми има 31 година. Таа е популарна американска актерка која зад себе има десеттина филмови и мјузикл, вклучувајќи го и последниот филм на Квентин Тарантино “Once Upon a Time in Hollywood“ и главната улога во мјузикл на Бродвеј.
Иако учествувала во неколку филмови, Скаут одлучила да не оди по стапките на нејзините родители. Активно се занимава со социјално-корисни работи, пеење, моделинг. Многумина велат дека таа е “слика и прилика“ на нејзиниот татко.
Талула е најмладата ќерка на Деми и Брус. Се занимава со илустрации, а во 2016-та година ја лансирала сопствената линија на облека, наречена по нејзиниот прекар од детството “Buuski“. Оваа линија на облека се состои од маици и џемпери со нејзини илустрации.