Популарниот НБА кошаркар објавил емотивна семејна фотографија, а сите гледале само во еден детаљ на неговиот син: По илјадници навреди, се огласил и тој!

Кармин

04/12/2019

12:24

4.321

Големина на фонт

а а а

Популарниот кошаркар Двејн Вејд неодамна се пофалил со убава семејна фотографија на која позира со семејството, но како што тоа вообичаено се случува - “интернет коментаторите“ веднаш на истата воочиле детаљ кој им пречел и навредите почнале.

Вејд на американскиот празник Ден на благодарноста објавил фотографија со сопругата Габриела, 12-годишниот син Зион и ќерката Кавија, а на хејтерите “тврн во око“ им било 12-годишното момче.  

Зион се фотографирал во кратка, таканаречен кроп топ маичка и со вештачки нокти, а Инстаграм корисниците не се штеделе кога станувало збор за коментарите кои биле малку невкусни.

„Тажно е што ова момче се претвора во девојче“, „Зошто син му се облекува како девојче?“, „Повеќе не го почитувам Вејд. Разбирам дека го подржува детето кое мислам дека е хомосексуалец, но ниту мојата ќерка во тие години нема вештачки нокти“ - биле само некои од коментарите.

Славниот спортист одлучил да одговори на коментарите, истакнувајќи дека неговата цел е секогаш да биде покрај своите деца.

„Мене како родител единствената цел ми е моите деца да знаат кои се, да ги сакам и да ги поддржувам“ - напишал и додал:

„Гледам омраза пред мојата семејна фотографија. Глупоста е дел од светот во кој живееме, па разбирам. Важна е само една работа - јас го сакам моето семејство, а не вие. Ние ќе останеме и ќе бидеме горди едни на други, со љубов и насмевка“ - заклучил кошаркарот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk