Оваа фотографија неодамна ја шокираше јавноста, а сега Бекам со нова фотографија со ќерката предизвика “војна“: „Тоа е чудно и морничаво“

Кармин

02/12/2019

15:46

7.328

Големина на фонт

а а а

Иако јавноста константно го критикува поради тоа што ја бакнува својата ќерка Харпер во уста, Дејвид Бекам не планира да престане со ваквото покажување љубов кон своето дете.

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам повеќе пати објавил фотографии на кои ја бакнува својата осумгодишна ќерка Харпер во уста. Селфи фотографијата од лизгалиштето ја објавил во петокот на својот Инстаграм профил и така повторно предизвикал “војна“ во коментарите.

Веќе повеќе години хејтерите на Дејвид му порачуваат дека тоа што го прави е неприфатливо,а популарниот водител Пирс Морган тоа го нарекол “чудно и морничаво“.

Меѓутоа фудбалерот никогаш не дозволил лошите коментари да го допрат. Уште од 2017-та година реагирал на критиките.

„Сакаме да ја покажеме нашата детска љубов. Добив повеќе критики поради бакнувањето на мојата ќерка, но така ги бакнувам сите мои деца. Многу сум нежен кон нив, така ме воспитуваа и одгледуваа и мене моите родители, а така и Викторија се однесува кон нашите деца“ - објаснил Бекам.

Дали со ваквиот бакнеж навистина наштетуваме на развојот на нашите деца?

„Постојат култури во кои бакнежот во уста помеѓу детето и родителите е прифатлив и нема негативно значење. Таква е американската култура. Овој тренд кој доаѓа од западот особено го прифаќаат јавните личности. Прифаќањето на овој тренд од страна на славните би можело да се каже дека е мотивирано од желбата да се нагласи симбиозата помеѓу родителите и детето, а на јавноста ѝ нуди недвосмислен доказ за љубовта која постои меѓу славниот родител и неговото дете“ - вели психологот Татјана Даничиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk