Милан имаат намера да го вратат Анчелоти

Макфакс

13/11/2019

16:40

621

Големина на фонт

а а а

Челниците на Милан сакаат да го искористат хаосот што владее во Напли и да го вратат Карло Анчелоти на „Сан Сиро“, објави „Тутоспорт“.

Анчелоти минува низ тежок период во Наполи, најмногу поради несогласувањата со контроверзниот претседател Аурелио Де Лаурентис. Италијанските медиуми шпекулираат дека тој ќе добие отказ доколку не победи на наредните два натпревари.

Техничкиот директор Паоло Малдини, дал предлог клубот да ја искористи ситуацијата во Наполи и да се обидат да го вратат трофејниот стратег.

Анчелоти во периодот од 2001 до 2009 година забележа големи успеси како тренер на Милан. Анчелоти успеа да освои две титули во Лигата на шампионите и една во Серија А.

Милан во моментов го предводи Стефано Пиоли кој неодамна го замени Марко Џанпаоло.

Интересно Милан во наредното коло во Серија А ќе го пречека Наполи на 23 ноември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг