Идеја од милион долари: Како инстант нудлите станале најголем јапонски изум на 20-тиот век

Кармин

08/11/2019

10:29

4.181

Големина на фонт

а а а

Најголемиот изум на Јапонците во 20-тиот век, како што тие самите велат, се инстант нудлите.

Оваа храна настанала како одговор на недостиг на храна во повоената Јапонија и оттогаш станале одлика на човечката исхрана ширум светот. 

Инстант нудлите се најбрзото и наједноставното јадење некогаш измислено, а генијот кој стои зад нив е Јапонецот Момофуку Андо.


Во повоениот период, во Јапонија немало многу храна, а до свежите нудли било многу тешко да се стигне. Така, тој започнал да прави нудли користејќи брашно, сол и вода, а потоа ги пржел. Кога ќе се исушат, нудлите можат да траат со месеци.

Првото пакетче нудли со пилешко месо, Момофуку го продал во 1958 година за цена од 35 јени. Тоа денес би било 5 долари. Покрај цената, продажбата растела, а во 1971 година Јапонецот дошол до уште една идеја – нудли во чаша.


Таа чаша воедно е и чинија од која се јадат нудлите и тоа било моментот во кој тие тргнале кон “освојување” на светот.

На запад, денес се омилено јадење помеѓу студентите, а на истокот станале неизоставен дел од бројни јадења.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk