Искористил 11 контејнери за да направи куќа на која сите му завидуваат

Точка

02/11/2019

16:16

5.011

Големина на фонт

а а а

Кога зборуваме за домот од соништата, секој од нас подразбира нешто друго, но веројатно на сите нѝ е подеднакво важно домот да го одразува нашиот карактер и да биде место во кое се чувствуваме удобно и сигурно, без разлика дали станува збор за луксузна вила или монтажна куќа.

Но, има и такви кои ѝ се препуштаат на креативноста и се откажуваат од некои традиционални решенија. Еден од таквите е и дизајнерот Вил Брео кој го осмислил и изградил својот дом од обични контејнери за превоз на роба. 


Неговиот нов дом се наоѓа на улицата Мекговен во Хјустон, а сопственикот вели дека неговата куќа, изградена од 11 контејнери е најобемната структура од ваков вид. Контејнерите се поставени едни над други со што создаваат трокатна куќа.

“Гледав слични проекти кои ми се допаѓаа и конечно ангажирав дизајнери, но на крајот морав да ги отпуштам бидејќи не можеа да ми го дадат она што го сакав. Така, во 2011 година започнав сам да ја дизајнирам куќата и со тоа започна патувањето”, напишал Брео на својот блог.


Идејата да направи дом од контејнери се родила и пред тоа да стане тренд, а причината е многу едноставна:

“Контејнерите за пренесување на роба и товар се многу цврсти, отпорни се на оган и долго траат, можат да издржат бура и имаат некои заеднички карактеристики кои ја олеснуваат работата”, објаснил дизајнерот.

Во 2011 година прво изработил 3D скица од куќата и потрошил часови и часови учење за тоа како воопшто се градат куќи од такви контејнери, а денес е горд сопственик на дом од околу 762 четворни метри, која изгледа токму онака како што ја замислил.


Брео веќе неколку месеци живее во новиот дом, иако треба да заврши уште неколку работи, и вели дека воопшто немал никакви поголеми проблеми досега.



Спонзорирани линкови

Маркетинг