Самсоненко ја откри причината за проблемите во РК и ФК Вардар

Точка

18/10/2019

22:00

7.453

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на ФК и РК Вардар, Сергеј Самсоненко, и неговиот адвокат, Александар Новаковски, ги открија причините поради кои двата клуба се нашле во финансиски проблеми.

Самсоненко тврди дека поранешен негов близок соработник заедно со сопственик на фирма се обидуваат да му земат речиси два милиони евра. Тие се погрижиле фирмата да отиде во стечај заедно со имотот на атрактивна локација.

„Имаме сомнеж дека се работи за организирана шема, со спрега со фирми, посредници и дел од надлежните, позната во светот како организирано преземање на објект со намалување на цената, негово фиктивно обезвреднување и нанесување на штета“, смета Александар Новаковски, адвокат на Сергеј Самсоненко.

На Самсоненко не му било кажано дека на 18-ти ноември бил солемнизиран Договор за деловно техничка соработка, за што никој немал овластување.

Првиот човек на РК и ФК Вардар потенцира дека тој во ниту еден момент не се покајал што одлучил да го врати спортскиот дух во нашата земја, и се радува што успеал да го врати.


„Во оваа држава, која ја чувствувам како своја, се радувам што успеавме да го вратиме спортскиот дух и ниту еднаш не се посомневав дека мојата одлука да вложам труд и финансиски средства во неа е исправна. Мојот труд и инвестиции не се само во афирмација на спортот туку и во инвестирањето и изградба на значајни објекти. За жал, дојде момент кога се соочив со непријатни случувања и луѓе кои се обидуваат да го оспорат и да го негираат моето работење и труд кои резултирале со успех“, вели Самсоненко и додава:

„Во јавноста, на граѓаните, на медиумите и надлежните им е познато дека имам добиено договор за изградба на објект на плоштадот во центарот на Скопје, објект во кој долго време вложувам голем труд и средства. Договорот беше добиен на најтранспарентен начин, со исплаќање на сите веќедоспеани долгови кои беа создадени пред јас да го преземам објектот. Инвестицијата која што јас со огромна волја и љубов ја правев во спортот доведе до одредено доцнење во плаќањата кон доверителите кои учествуваа во изградбата, но благодарен сум за нивното разбирање бидејќи доведе до заедничко, брзо решавање на овој проблем. За жал, само еден од соработниците немаше разбирање за ситуацијата и презема низа активности кои предизвикаа кај мене сомневање за неговите намери. Од сегашен аспект тоа се докажа и потврди“, заклучува Сергеј Самсоненко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг