Вдовицата на Оливер Драгојевиќ првпат јавно призна зошто по 1991-та година пејачот не пеел во Србија: „Изговори само една реченица“

Кармин

17/10/2019

15:23

6.539

Големина на фонт

а а а

Оливер Драгојевиќ во текот на неговиот живот ветил дека нема да пее во Србија, а сега неговата вдовица, Весна Драгојевиќ признала што знае во врска со тоа.

Тој полнеше сали во Париз, Токио, Њујорк, Москва, Хрватска, Македонија, но во Србиај никогаш повеќе по 1991-та година. Весна ја раскажала приказната поврзана со нејзиното семејство и една единствена реченица која Оливер ја изговорил во текот на неговиот живот, а која била во врска со тоа.


„Никогаш ништо грубо не кажа. Тој беше таков, го оддржуваше зборот во многу ситуациии и не само тоа. Кога почна војната, мајка ми, татко ми и сестра ми дојдоа тука кај мене во Сплит. Видовме како горат бродовите, тука имаше голем брод на 10 метри, од мојот татко беше, кој почна да го гради кога одев во основно училиште, се викаше “Копагабана“. Татко ми го виде тој брод како гори, па плачеше по него“ - изјавила Весна во една емисија и додала:

„Оливер тогаш му кажа на мојот татко да не се нервира и рече: „Јас таму многу работев, бев милион пати, доколку тоа ве теши тогаш никогаш таму повеќе нема да пеам“. Тоа е единствената реченица која ја кажа, а која беше во врска со ситуацијата. Тој немаше ништо против, Србите доаѓаа во Сараево, Тузла...“ - изјавила Весна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk