Ова се најскапите градови на светот за 2019 година: Погледнете на кое место се најде нашиот главен град

Точка

17/10/2019

21:55

13.192

Големина на фонт

а а а

Замислете кога за возење со такси, вечера, кино и безалкохолен пијалак би платиле 215 евра. А сега замислете го животот во Цирих...

Земајќи ја предвид цената на храната, алкохолот и цигарите, потрошните куќни предмети, облеката и обувките, личната нега, превозот, забавата, висината на кириите и сметките, направена е листа од најскапи градови за живот за 2019 година. 

Цирих е прогласен за најскап европски град во кој може да се изеде најскапиот Биг Мек, кој е двојно поскап во однос на големиот дел други градови на листата. Во Лондон ви се потребни најмногу пари за да изгледате некој филм во кино.


Сепак, убедливо најскапи се азиските градови, со Кина на врвот, покажува истражувањето на “Mercer”. На листата се наоѓаат 209 градови, а Скопје се најде на 201-то место. Од градовите во регионот, Белград е на 181-то место, Сараево на 194-то, а поскапи се и Софија – 177, Загреб – 143 и Љубљана на 142-то место.

Ова се 10-те најскапи градови на светот:

1. Хонгконг, Кина

2. Токио, Јапонија

3. Сингапур, Сингапур

4. Сеул, Јужна Кореја

5. Цирих, Швајцарија


6. Шангај, Кина

7. Ашхабад, Туркменистан

8. Пекинг, Кина

9. Њујорк, САД

10. Шенжен, Кина



Спонзорирани линкови

Маркетинг