Девојката ги прегледувала фотографиите од одморот на Ибица па не можела да поверува што гледа на нив

Точка

16/10/2019

22:04

18.472

Големина на фонт

а а а

Девојките од Велика Британија, чија објава по губењето на пасошите станала вирална на Твитер, велат дека по четиридневната “борба“ да дојдат дома си поминале најубаво.

Боби Кук претрпела повеќе проблеми во текот на нејзиниот одмор на Ибица, вклучувајќи и повеќекратно доцнење на летови и одложување на летови. 21-годишната здравствена асистентка од Викфорд летала за Шпанија. Нејзината прва резервација била откажана и морала да чека со часови за другиот лет во Барселона, пренесуваат британските медиуми.

##https://twitter.com/BobbieCook_/status/1182036621140615168##

Кога таа и нејзината пријателка Бека (20) конечно стигнале до Ибица, го посетиле суперклубот „Pacha“, а во текот на својата втора вечер, сфатиле дека на Бека ѝ го нема пасошот. По неколку денови таа поднела барање за издавање на пасош по брза постапка, а поради тоа четири денови го одложувале заминувањето дома.


Боби кога ги прегледувала фотографиите на една од нив забележала дека се гледа пасошот на подот од клубот каде што биле.

„Не можев да верувам“ - изјавила Боби.

Кога ја видела фотографијата се јавила во клубот и прашала дали некој таму пронашол пасош, но тие одговориле негативно.

„Мислам дека некој го украл“ - вели таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг