Генијалната метода на оваа мајка го освои светот: “Мојата ќерка секое утро плачеше бидејќи мора да оди на училиште, а потоа ѝ нацртав мало срце на раката и...”

Кармин

15/10/2019

14:48

1.569

Големина на фонт

а а а

Ако сте родител, веројатно знаете колку тешко им паѓа на децата одвојувањето од вас – без разлика дали станува збор за неколку дена или само за неколку часа. Дури и секое заминување во градинка или училиште може да биде стресно, а токму со таков проблем се соочила Мелиса Конлон од Велика Британија.

Нејзината ќеркичка Елси не можела да го поднесе одвојувањето, па секое утро пред влегување во училиштето било пропратено со плач и лелеци. Мелиса решила да ја испроба методата која ја видела на Интернет и се утврдило дека тоа било полн погодок. 

Оваа досетлива мајка нацртала мали срциња на својата и на дланката на нејзината ќерка, а потоа ѝ објаснила дека срцата се всушност “магични копчиња” кои се притискаат за прегратка.

Полека, но сигурно ваквата метода започнала да дава резултати – Елси од утро во утро била сè помирна и помалку вознемирена.

“Елси отсекогаш беше анксиозна кога се разделуваше со мене и одеше на училиште. Утрово повторно се исплаши, па помислив дека немам што да изгубам. Нацртав едно срце на својата дланка, а друго на нејзината. Пешачевме до училиште, држејќи се за рака, за да се наполнат нашите срце и таа постојано прашуваше дали се наполнети. Кога дојдовме до нејзината училница, ѝ кажав дека срцата се целосно наполнети и да го притисне нејзиното кога и да ѝ недостигам, и тогаш ќе добие магична прегратка од мене. Таа влезе во училницата без солзи, со насмевка. Кога заврши со наставата, ме праша колку пати сум го притиснала магичното копче и јас ѝ одговорив 10! Се насмевна”, напишала оваа мајка на нејзиниот Фејсбук профил.

Нејзината објава веднаш станала вирална – таа била споделена над 60 илјади пати, а над 20 илјади корисници искоментирале дека успешно ја примениле истата метода.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk