Венгер посочи која важна работа ја жртвувал за Арсенал и заклучи: Јас сум среќен со изборот кој го направив

Дерби

14/10/2019

13:27

1.176

Големина на фонт

а а а

Арсен Венгер повеќе од две децении го водеше Арсенал и лојално му служеше на клубот во кој ги оствари најголемите успеси, а сега во моменти кога ги согледува работите од друга перспектива, Французинот призна дека можел да оствари далеку поголеми резултати на лично ниво ако си заминел од клубот.

Не е тајна дека Венгер во неколку наврати беше контактиран од страна на Реал Мадрид, но наместо да ја прифати понудата на „кралевите“, Арсен одлучи да остане во Арсенал и да го оствари проектот со градење на стадион и градење на тим во доста поскромни финансиски услови.

– Може да жалам за тоа што мојот победнички потенцијал го жртвував со лојалниот потенцијал. Желбата да го изградам клубот и да имам влијание врз Арсенал беа поголеми од било која понуда. Одлучив да останам во клубот кога го градевме стадионот, иако факт е дека можев да заминам на друго место каде немаше да бидам финасиски лимитиран. На крајот од денот, јас сум среќен со изборот кој го направив, – порачува „професорот“ Венгер за „БеИН Спортс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг