Седлоски: Шкотска го искористи паничниот почеток од наша страна

Дерби

04/10/2026

08:47

154

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска на домашен терен во третиот натпревар од Лигата на нации.

Селекторот Гоце Седлоски по новиот неуспех во ова натпреварување се обиде да направи кратка анализа на она што се случуваше вечерва во Скопје.

– Честитки за Шкотска, беа поагресивни, побрзи и помоќни во дуелите, затоа нивните играчи играат каде што играат.

– Тешко е да се коментира нашата негативна серија, неколку порази во серија, но не планирам да застанам овде.

– Знаевме дека Шкотска е квалитетна во дуелите, при нафрлувањата, а ние не почнавме добро, игравме панично и го примивме тој прв гол. Подоцна противникот ја презема иницијативата, играше добар фудбал. Ова е тежок пораз, ме боли, не сум навикнат на вакви моменти, но што е, тоа е…