Слоница видела дека човек се дави, па веднаш се стрчала да му помогне и го спасила

Точка

23/09/2019

19:16

4.057

Големина на фонт

а а а

Емотивна снимка од слоница која мислела дека човек се дави и веднаш се стрчала да му помогне - стана вирална на социјалните мрежи.

Снимката настанала пред две години во паркот за слонови „Chiang Mai“ во Тајланд, а сега повторно се споделува на социјалните мрежи. Објавена е на Твитер, каде ја прегледале речиси 7 милиони луѓе, и на Фејсбук, каде собрала повеќе од 18 милиони прегледи.

„Срцето ми плаче. Бебе слон мислело дека човек се дави и се стрчало да го спаси. Навистина не ги заслужуваме“, пишува покрај снимката на Твитер.

Кам Ла слоницата имала 5 години кога била направена снимката, а спасена е од циркуз во 2015-та година. Паркот спасил повеќе од 70 слонови, воглавно хендикепирани, стари и слепи или на некој начин осакатени. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг