Живеела како бездомничка и се обидела да се самоубие - сега е една од најбараните актерки на светот

Кармин

23/09/2019

13:30

2.572

Големина на фонт

а а а

Хали Бери имала трнлив пат до успехот. Холивудската дива Хали Бери (53) денес е една од најплатените актерки на светот, но животот на оваа ѕвезда нималку не бил лесен и едноставен.

Поминала речиси низ сите фази во животот, па така од бездомничка стигнала до самиот врв на Холивуд благодарени на својот талент и убавината која ја поседува.

Пред да постане Оскаровка, актерката открила дека некое време морала да остане во прифатилиште за бездомници додека се обидувала да се пробие на холивудскиот трон.

„Почетокот беше тежок, на само 21 година се преселив во Њујорк и таму ја започнав мојата кариера. Кога ги зедов моите први пари од моделинг тогаш помислив: О, тоа е тоа, сега имам пари. Првите три месеци од мојот живот во Њујорк имав пари, меѓутоа подоцна останав без пари и бев принудена да ја повикам мајка ми и да ја замолам да ми испрати пари и да ми помогне. На сето тоа таа само кратко ми одговори „Не““ - раскажала Хали Бери.


По неколку помали улоги во телевизиски серијали, нејзиното прво позначајно појавување се случило во комедијата „Bumerang“ во која партнер ѝ бил Еди Марфи. Од ова остварување Хари играла во уште неколку остварувања во кои успеала да го сврти вниманието на себе.

Најпозната е по улогата на Ороро Монро и Сторми во „X-man“ каде што се појавила дури во три серијали и Бондовата девојка Џинкс во остварувањето „Умри наредниот ден“.

И додека на работно поле редела само успеси, во љубовта немала толку многу среќа. Хали се омажила четири пати, а по првиот развод од сопругот Дејвид Џастин се обидела да се самоубие.

„Веќе го почувствував мирисот на бензинот кога во главата почнаа да ми се вртат слики од мајка ми како во гаражата ме пронаоѓа мртва. Тогаш се откажав“ - актерката искрено кажала во некое интервју.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk