Многумина се згрозени: Витни Хјустон повторно на турнеја

Точка

21/09/2019

13:34

3.502

Големина на фонт

а а а

Пред седум години почина една од најпознатите и најталентирани пејачки, на 49-годишна возраст, а сега се најавува нејзина холограмска турнеја.

Со тоа, фановите на Витни Хјустон следната година ќе имаат можност да посетат нејзин концерт и да уживаат во легендарните хитови “I Wanna Dance With Somebody” и “I Will Always Love You”. Информацијата дека следната година ќе се одржи холограмска турнеја на одамна починатата ѕвезда ја пренесе магазинот “Rolling Stone”, а првиот концерт ќе биде одржан во Мексико на 23-ти јануари. 

Турнејата ќе трае до 3-ти април кога ќе се одржи последниот концерт во Минск, а концерти ќе бидат одржани и во Даблин, Брајтон, Лондон, Брисел, Амстердам, Гент, Цирих...

Зад овој настан стои “BASE Hologram”, компанија која исто така продуцирала емисии во кои биле Бади Холи и Рој Орбисон и уште една со оперската пејачка Марија Калас.

“Чудно” е еден збор кој ги опишува посмртните настапи на популарните уметници”, наведува “Rolling Stone” и додава дека многумина исто така укажуваат на ваквата холограмска турнеја како на “бесчувствително искористување на мртвата пејачка”.

Компанијата “BASE” која работела на холограмот на пејачката, покажала фотографија од стајлингот на холограмот – златна кожна јакна, фармерки и бела кошула, како и препознатливиот црвен кармин на Витни. На турнејата ќе настапува и бенд кој ќе свири како и пратечки вокали и танчери.

Меѓутоа, ваквата вест предизвикала поделени реакции кај обожавателите. И додека едни се воодушевени, други не се согласуваат со идејата:

“Ова е одвратно и покажува колку не ја почитуваат”, е само еден од коментарите на Твитер на веста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг